Македонските работници поевтини и од кинеските

Bez autora
Jul 17 2013

Македонија е земја со евтина работна сила, па нашата минимална плата е пониска дури и од кинеската. Македонските работници имаат 170 американски долари загарантиран месечен минималец, па се поконкурентни и од кинеските работници, чија најниска месечна плата се движи од 138 до 264 долари во зависност на развиеноста на регионот во оваа огромна азиска земја. Ова го покажуваат податоците за минималната заработувачка на работниците, односно за конкурентноста на работната сила во светот и според пресметките македонскиот минималец треба да се зголеми за над 50 отсто за да ја стигне највисоката кинеска минимална плата.

Македонските работници поевтини и од кинескитеМакедонија е земја со евтина работна сила, па нашата минимална плата е пониска дури и од кинеската.

Македонските работници имаат 170 американски долари загарантиран месечен минималец, па се поконкурентни и од кинеските работници, чија најниска месечна плата се движи од 138 до 264 долари во зависност на развиеноста на регионот во оваа огромна азиска земја. Ова го покажуваат податоците за минималната заработувачка на работниците, односно за конкурентноста на работната сила во светот и според пресметките македонскиот минималец треба да се зголеми за над 50 отсто за да ја стигне највисоката кинеска минимална плата.

Гледано по региони, минималната плата во Kина изнесува 138 долари во областа Јијангџи, па с` до 238 долари во регионите Гуангадонг и Шензен каде што се наоѓаат многубројни високотехнолошки фабрики, меѓу кои и „Фокскон“, во која се произведува светски познатиот паметен телефон „ајфон“ на американската компанија „Епл“.

Според бројките, Македонија има најконкурентна работна сила во однос на износот на платите на целиот Балкан. Повисоки загарантирани минимални месечни примања имаат сите соседи. Во Албанија месечниот минималец е 194 долари или 24 долари повеќе од нас, во Бугарија минималецот изнесува 204 долари, а во Босна и Херцеговина 216 долари.

Еден од адутите

Највисока минимална плата во регионот земаат словенските работници каде што загарантираната плата е 1.004 долари, потоа Хрватите со 481 долар, па Србите со 244 долари.

Ниските трошоци за работната сила беа и главниот адут на македонската Влада во битката за привлекување на странските инвеститори на кои им се нудат и други бенефиции. Сепак, познавачите велат дека, освен евтината работна рака, за инвеститорите е многу поважен економскиот амбиент во земјата во која инвестираат, како и правната сигурност, односно гаранцијата за заштита на приватната сопственост.

Епитетот дека имаме најевтина работна сила на Балканот само ги покажува предностите зошто да се инвестира во земјава, а не кај некој сосед, велат во Бизнис-конфедерацијата на Македонија.

- Kако работодавци ќе инсистираме на секторско договарање минимална плата, а не таа да се одредува генерално за целото стопанство. Така се остава простор за шпекулации и за уривање на правата на работниците, им се пресметуваат пониска минимална плата и придонеси отколку реално што се земаат - вели Миле Бошков од Бизнис-конфедерацијата.

Пречки за елиминирање

Во текстилната индустрија се исплаќа понизок минималец од загарантираниот од 8.050 денари поради преодните одредби во Законот за минималната плата и тој изнесува околу 7.000 денари. Текстилците велат дека за странските инвеститори најважен предуслов е сигурноста на правниот систем и на инвестиција, а не само евтината работна рака.

- Нарачките од Kина и од земјите на Блискиот Исток почнаа да се префрлаат во Европа, а добар дел од колачот успеаја да земат и нашите текстилци. Се покачи стандардот таму, а доставувачите веќе бараат и квалитет. Тука е нашата шанса, но само преку модернизација и квалитетен и конкурентен производ. За ние да можеме да се бориме со конкуренцијата, потребни ни се евтини кредити за модернизација на технолошкиот процес - вели Димитар Стојановски од трикотажа „Пелистер“ од Битола.

Тој појаснува дека платите во големите текстилни фабрики во земјава се над минималните.

Синдикалците се децидни дека странските инвеститори никогаш немале проблем со висината на платите во земјава.

- Отсекогаш тврдев дека висината на платата во земјава никогаш не била проблем за странските инвеститори. Има земји со далеку повисоки плати каде што странски инвеститори вложуваат милијарда евра. Ова покажува дека има други пречки што треба да се елиминираат, а тоа се несигурноста, нерешениот статус, односно нерешените евро-атлантски интеграции на земјава, како и ограничениот пазар - вели Пеце Ристевски, претседател на Синдикатот на енергетичарите, металците, рударите.

Податоците за минималната заработувачка на работниците во светот објавени на „Википедија“ покажуваат дека Македонците имаат понизок минималец, односно се поконкурентни и од работниците во Тајланд (240 долари), Малезија (290 долари), Филипини (329 долари). Споредбите прикажуваат и дека во голем дел од европските земји и подалеку, наместо минимална месечна заработувачка, се оди кон најниско платен работен час. Така, на пример, минималната заработувачка од час во Австралија не може да биде пониска од 16 австралиски долари, во Kанада од 11 канадски долари, во Данска од 19 долари, а во Франција најниската загарантирана саатница не може да биде пониска од 9,43 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik